Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при посетата на веб-страницата virtumalls.com како и на кој начин се користат тие
информации и со кого се споделуваат податоците.
Оваа Политика е во согласност со Основни правила и принципи за заштита на личните податоци (линк)
Изјава за приватност
- Е П П ДООЕЛ, Струмица ги третира личните податоци коишто ги добива преку својата веб-страница со должно внимание и ги обработува целосно во рамките на законската и подзаконската регулатива.
- На веб-страницата на Е П П ДООЕЛ Струмица можат да се објавуваат фотографии и приватни содржини само со согласност од субјектот на личните податоци.
- Оваа изјава за приватност е со цел да Ве информираме за видот на информациите коишто ги прибираме преку нашата веб-страница и за што се користат овие информации.
Податоци за посетителите
- Веб-серверот ги меморира информациите за сесијата како што се: времетраењето на Вашата посета, страниците на кои пристапувате, видот на прелистувачот што го користите, IP-адресата од која пристапувате и сл. Од овие информации од сесијата не се открива идентитетот на поединецот и се чуваат и се користат само со цел да се произведат статистички извештаи коишто ќе овозможат на Е П П ДООЕЛ да ја подобри својата веб-страница.
Колачиња (Cookies)
- На нашата веб-страница користиме колачиња (Cookies). Колачето претставува мала датотека којашто се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер.
Колачињата не зачувуваат какви било лични податоци, како што се Вашето име или адреса.
Можете да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата или да Ве предупреди секогаш кога колачињата ќе се пратат. Доколку ја одберете таа можност, одредени делови од веб-страницата може да не функционираат како што е предвидено.
Како ги користиме собраните информации?
- Е П П ДООЕЛ ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели:
За подобрување на нашата веб-страница,
Постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата страница базирано на повратните информациите што ги добиваме од Вас.
2. За подобрување на услугите и грижа кон клиентите,
Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на Вашите барања за дадени услуги или поддршка што Ви треба.
3. За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата,
- За праќање на корисничките информации и обработка на барања, критики, предлози, вработување доколку се обратите до нас преку веб-страницата.
Како ги штитиме Вашите информации?
- Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница.
- Вашите податоци не се откриваат на трети страни без Ваша изречна согласност. Податоците можат да бидат откриени и доставени само во случаи согласно законската регулатива.
Веб-страници на трети лица
- Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата веб-страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за страниците што се поврзани кон или од нашата страница. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена политика за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебна политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со која било друга страница, вклучувајќи ги страниците што имаат врски кон нашата веб-страница е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.
Политика за приватност на личните податоци само за веб-страницата
- Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите што се собираат преку нашата веб-страница и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
- Е П П ДООЕЛ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обрнуваме внимание на корисниците често да ја проверуваат оваа страница за какви било измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци што ги прибираме. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
- Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци. Доколку не се согласувате со политиката, Ве молиме не користете ја нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.
Контактирајте не
- Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на Страната, практиките или комуникацијата со веб-страната, Ве молиме контактирајте не.
Последно ажурирање на: 05.08.2024 година