Услови и Правила ЗА КОРИСТЕЊЕ НА НАШАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА

Ова е официјалната веб-страница на „Е П П ДООЕЛ”, во сопственост на Е П П ДООЕЛ  од Струмица.

Веб страницата претставува збир на податоци и информации кои имаат цел да информираат.

Општи услови и правила

  • Условите ги дефинираат односите помеѓу Е П П ДООЕЛ од една страна како сопственик на веб- страницата com и неговите корисници.
  • Со Вашата посета на нашата веб-страница com, се согласувате со нашите услови и правила за нејзина употреба а кои треба внимателно да ги прочитате.
  • Е П П ДООЕЛ не превзема одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови и правила. Доколку не се согласувате со условите и правилата за користење на нашата веб-страница, Ве молиме истата да не ја користите.
  • Секој што е заинтересиран за некој производ или услуга, а кои се претставени на оваа веб-страница, треба да го контактира Е П П ДООЕЛ за да се распраша за условите и трошоците за соодветниот производ, односно услуга.  
  • Споделените информации од оваа веб-страница имаат информативен карактер. 
  • Е П П ДООЕЛ ќе се залага за оперативност на својата веб-страница 24/7. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контрола на Е П П ДООЕЛ, не превземaме било каква одговорност и не можеме да Ви гарантираме постојан пристап.
  • Сопственикот го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите и правото да ја менува содржината и структурата на веб-страницата во секое време и без претходна најава. 

Сопственички права

  • Целата содржина на оваа веб-страница, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, сѐ интелектуална сопственост на Е П П ДООЕЛ и сѐ заштитени со прописите за интелектуална сопственост.
  • Превземањето на информации, податоци и слики, нивната дистрибуција, пренос или користење на линкови од оваа веб-страница е строго забрането без претходна писмена дозвола од страна на сопственикот.
  • Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа интернет страница.
  • Ние секогаш се трудиме за точноста на информациите но, можни се отстапувања и пропусти во информирањето. Е П П ДООЕЛ не гарантира за точноста, актуелноста и потполноста на објавените информации и не ја презема одговорноста за неправилната употреба на овие содржини.

Безбедност

  • Е П П ДООЕЛ е посветен на целосната безбедност на веб-страницата со примена на најсигурните и најдокажаните безбедносни решенија со цел заштита на клиентот.
  • Е П П ДООЕЛ не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од веб-страницата, како што се губење на информација, штета на услуга и слично.
  • Е П П ДООЕЛ не ја гарантира безбедноста доколку на веб-страната има поставено линк од друга веб-страница и не превзема било каква одговорност во однос на заштита на личните податоци на тие страници.
  • Поврзаните локации не се во надлежност ниту се под контрола на Е П П ДООЕЛ и истиот се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање. Вклучувањето на кој било линк/врска не повлекува и поддршка на таквите локации од страна на Е П П ДООЕЛ. 

Лични Податоци

  • При Вашата посета на веб-страницата com нема да се врши прибирање на лични податоци, освен во случаи кога доброволно ќе ги дадете овие информации, на пример, при електронски нарачки, анкети, директен маркетинг, наградни игри, комуникација или барања.
  • Корисниците се согласни сите податоци вклучувајќи ги и личните податоци да бидат обработени и користени од страна на Е П П ДООЕЛ за понудените услуги, рекламирањето на производите и услугите и реализирање на испораката и плаќањето.
  • Сите лични податоци кои корисникот доброволно ги внесува преку веб-страницата нема да се објавуваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија и истите се чуваат согласно одредбите за заштита на личните податоци.
  • Вашите лични податоци ќе бидат користени за обработка и директен маркетинг само врз основа на Ваша изречeна согласност и само во обем неопходен за секој поединечен случај.
  • Сите наши вработени се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со Вашите податоци како со информации од доверлива природа.
  • Е П П ДООЕЛ не собира информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Е П П ДООЕЛ нема било каков пристап до тие податоци.
  • Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Е П П ДООЕЛ не превзема никаква одговорност за истото.
  • Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани, или доколку имате какви било прашања или предлози за заштита на личните податоци, можете да нè контактиратe по електронски пат. Притоа, Вашата E-mail адреса нема да биде искористена за друга намена.

Последно ажурирање на: 05.08.2024 година

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Линк

Основни правила и принципи за заштита на личните податоци

Линк

Search for products (0)

Back to Top
Производот е додаден во вашата кошничка