Основни правила и принципи за заштита на личните податоци во Е П П ДООЕЛ Струмица

  • Заштитата на личните податоци ја обезбедуваме за нашите корисници, комитенти, вработени и сите други субјекти на личните податоци (физички лица на кои се однесуваат обработените податоци), чии што лични податоци по било кој основ (согласност, договор и др.) и на било кој начин (автоматизирано или рачно) се обработуваат во Е П П ДООЕЛ.
  • Личните податоци се обработуваат во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели.
  • Е П П ДООЕЛ ќе обезбеди целосна доверливост, интегритет и заштита на личните податоци.
  • Личните податоци кои се прибираат и се обработуваат ќе бидат соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.
  • Личните податоци ќе се чуваат само за период кој е потребен за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани.
  • Е П П ДООЕЛ ќе обезбеди личните податоци кои се прибираат и обработуваат да бидат точни, целосни и ажурирани и ќе ги избрише, односно ќе ги коригира неточните и неажурни податоци во согласност со целта за која се обработуваат.
  • Обработка на лични податоци по правило се врши врз основа на дадена согласност на субјектот на личните податоци. По исклучок, Е П П ДООЕЛ без посебна согласност од субјектот на личните податоци ќе обработува лични податоци кога обработката е потребна заради: извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или на барање на субјектот на лични податоци, пред негово пристапување кон договорот; исполнување на законска обврска и други случаи определени со закон.
  • Доколку добие пристап, Е П П ДООЕЛ ќе води сметка единствениот матичен број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен.
  • Е П П ДООЕЛ врши пренос на лични податоци во случај кога субјектот на лични податоци изречно се согласил да се изврши пренос на податоците или кога преносот е неопходен поради цели согласно законската регулатива.
  • Субјектот на личните податоци има право на увид и исправка на податоците што се обработуваат за него, освен во случаите предвидени со закон.
  • Субјектот на лични податоци може со писмено барање да оствари увид во збирката на лични податоци. Субјектот на личните податоци може да се информира дали и кои лични податоци што се однесуваат на него се обработуваат.
  • По барање на субјектот на лични податоци, Е П П ДООЕЛ ќе ги дополни, измени, избрише или ќе го сопре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со правилата. Во случај кога Е П П ДООЕЛ ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, истите ќе ги дополни, измени или ќе ги избрише, независно од тоа дали субјектот на лични податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци.
  • Доколку Е П П ДООЕЛ еднаш одговорил или доставил информација по барањата на субјектот на личните податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, доколку нема промени во неговите лични податоци.
  • Правата и обврските на субјектот на личните податоци и на Е П П ДООЕЛ можат да се ограничат само на начин и под услови утврдени со закон, кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на правата и обврските од договорен основ или статистички цели, како и поради заштита набезбедноста и одбраната на државата, откривање и гонење на сторители на кривични дела изаради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другитефизички лица.
  • Субјектот на личните податоци има право да се согласи или да не се согласи со употреба на неговите лични податоци за комерцијални цели односно директен маркеринг. Доколку субјектот на личните податоци не се согласил, Е П П ДООЕЛ нема неговите лични податоци да ги користи за тие цели.
  • Субјектот на лични податоци има право во секое време да ја повлече дадената согласност за употреба на личните податоци за комерцијални цели односно директен маркетинг, со писмено барање.
  • Субјектите на личните податоци може во секое време да го пријават секој случај на повреда на принципите за заштита на личните податоци со упатување на писмена пријава во Е П П ДООЕЛ.
  • Сите вработени во Е П П ДООЕЛ се должни, во согласност со законската регулатива и интерните акти, да се грижат за заштитата на личните податоци. Вработените се должни да го пријават секој случај на повреда на заштитата на личните податоци до претпоставеното лице.

Последно ажурирање на: 05.08.2024 година

Search for products (0)

Back to Top
Производот е додаден во вашата кошничка